Сандро нема да го напушти Јувентус


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Секојдневно се шират шпекулации дека Алекс Сандро ќе си замине од редовите на Јувентус и ќе премине во Челси.

Сепак, Бразилецот нема да замине од Торино и ќе остане барем уште една сезона во дресот на Јувентус. Ова го потврди и Масимилијано Алегри во изјава дадена веднаш по натпреварот помеѓу Јувентус и Рома.

„Алекс Сандро е играч на Јувентус. Тој е фантастичен играч и со сигурност нема да замине“- коментираше Алегри.

Покрај Челси за Сандро беа заинтересирани и од редовите на Манчестер Сити, но „Граѓаните“ се откажаа од намерата да потпишат договор со Бразилецот и во своите редови го донесоа Бенџамин Менди од Монако.