Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред две недели Кајри Ирвинг ја шокираше јавноста со веста дека сака да биде разменет во друга екипа затоа што сака франшизата да биде градена околу него. Деновиве сѐ почесто се споменуваат можни размени во други клубови а некои од нив доставија и официјални понуди.
Еден од малкуте тимови кои навистина имаат што да понудат во размената за Ирвинг е тимот на Феникс Санс. Од САД стигнуваат информации дека Санс имаат доставено официјална понуда до Кавси но понудата била инстантно одбиена. Имено, од Феникс нудат пакет составен од Ерик Бледсо, Брендон Најт и Ти Џеј Ворен а за возврат очекуваат да го добијат Кајри Ирвинг и еден од Ченинг Фрај или Иман Шамперт.
Овој пакет беше одбиен од раководството на Кливленд Кавалирс затоа што тие не се заинтересирани ниту за Брендон Најт, ниту за Ти Џеј Ворен. Од Кливленд јасно ставија до знаење дека Ирвинг би можел да се најде во Феникс само доколку Санси се решат во размената да го вклучат Џош Џексон, четвртиот пик од овогодинешниот драфт.
И покрај негодувањето на Кајри Ирвинг, тешко е да се замисли дека Кливленд Кавалирс ќе го пуштат така лесно да си отиде во друг тим. Не би било неочекувано и Ирвинг да ја започне сезоната со Кавс затоа што тој има уште 2 години останато на договорот со овој тим.