Сопственикот на Бруклин Нетс ја проценува вредноста на тимот на 2 милијарди долари


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рускиот милијардер, Михаил Прохоров пред некое време изјави дека тимот на Бруклин Нетс е ставен на продажба. Денеска тој ја дефинираше сумата која ја очекува од продажбата на неговиот тим.

 

Прохоров ја вреднува франшизата на Нетс на 2 милијарди долари и потврди дека Нетси се на продажба. Засега има неколку потенцијални купувачи но уште нема стигнато конкретна понуда. Нетси се надеваат дека ќе добијат богат кинески сопственик и нивниот потпретседател Мајк Заводски минатиот месец имаше повеќе од 20 состаноци со кинески милијардери за да проба да најде купувач.

 

Бруклин Нетс се една од двете НБА франшизи кои се на продажба. Втората е Хјустон Рокетс откако минатата недела нивниот сопственик Лесли Александер истакна дека е време да се освежи раководството и ја отвори вратата за нови купувачи.