Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот центар на Њу Орлеанс Пеликанс летово се стави на посебен режим на исхрана и вежбање со цел да го донесе телото до идеалната форма за новата сезона.
Доминантниот центар Демаркус Казнс летово изгуби повеќе од 10 килограми и успеа да го донесе телото во одлична форма пред стартот на тренинг-кампот за следната сезона.
“Уште сум млад, но годините си одат и морам да почнам да се грижам за телото. Се чувствувам добро, веројатно најдобро што сум се чувствувал во целата кариера.” – изјави Буги Казнс, откако беше запрашан како е да се игра со “новото” тело.
Демаркус Казнс последните неколку години е меѓу најдобрите играчи во лигата, но сѐ уште го нема ниту помирисано плејофот. Во наредната сезона надежите се големи дека тандемот Казнс-Дејвис ќе успее да го однесе тимот на Пеликанс до плејофот во НБА лигата.