Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгиецецот прво се споменуваше кај Рома, а го сакаат уште Тотенхем, Челси, Милан и Евертон.
Нема да биде ништо од нов договор со Зенит, Аксел Витсел реше во ова лето да ја напушти Русија и да се пресели во посилна лига и поголем клуб. Иако во Зенит за нов договор ќе добие повеќе пари од она што му следи во Англија или во Италиај, нема намера да остане во Санкт Петерзбург.
Зенит ќе мора да го продаде или ќе ризикува во наредното лето ќе остане без оштета бидејќи одличниот играч за врска влезе во последната година од договорот.
Новиот тренер на Евертон Роналд Куман го означи Витсел како најголема желба, но очигледно дека Белгиецот размислува во друга насока и дека сака во некој поголем клуб од Евертон.
„Сакам искуство во некое друго првенство и земја. Потребен ми е нов предизвик. Сакам да преминам во некој голем клуб. Шпекулациите околу Челси, Тотенхем, Милан или Рома? Иднината ми е во Англија или во Италија. Сеедно е дали е Премиер лигата или Серија А. Само да биде голем клуб. Рома е таков клуб. Еден од најголемите во Италија. Би било одлично ако тоа ми биде последна станица во кариерата. Но искрен да бидам, сеуште не добив конкретен повик“, рече Витсел за белгиските медиуми.
На овој начин ги уби и надежите на Стоук кој истотака го сакаше. Стоук никако не се вклопува во описот на голем клуб по вкусот на Витсел. Се чини дека Евертон нема никакви шанси. Челси не е повеќе така загреан како во минатото лето кога Мурињо го сакаше Витсел.
На новиот тренер Конте приоритет е Наинголан, па така Рома, Милан и Тотенхем остануваат фаворити. Рома остана без Пјаниќ, наскоро и без Наинголан па така Витсел ќе дојде како мелем на раната на Романистите.