Трпановски од Академија Пандев направи трансфер во Славија Прага

17 годишниот Кристијан Трпановски денес потпиша тригодишен договор со чешкиот клуб Славија Прага.

Младиот Трпановски ќе биде вклучен во у21 тимот на Славија, а ќе добие шанса и во тренажниот процес на сениорскиот тим.

Младинскиот репрезентативец на Македонија беше на проба и во редовите на Интер, но на крајот прв интернационален трансфер ќе му биде Славија од Прага.

Од тимот на Академија Пандев му посакуваат успешни настапи и блескава кариера на нивниот сега веќе поранешен играч, а исто така упатија честитки и до „виновникот“ за реализираниот трансфер, Петар Томовски.