Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако Фил Џексон беше отпуштен од позицијата генерален менаџер на Њу Јорк Никс, излегуваат бројни информации за неговото скоро комично работење во тимот.
Според информациите кои почнаа да се шират од внатрешноста на тимот, Фил Џексон бил спремен да го понуди Кристапс Порзингис на тимот на Бостон а за возврат да го добие првиот пик на драфтот, за потоа со тој пик да го одбере Лонзо Бол. Оваа размена била спречена од раководството со објаснување дека Никси веќе имаат утврден играч на франшизата во Кристапс Порзингис и ако тој биде разменет за некој уште помлад играч би било чекор назад.
Сепак, и покрај отказот на Фил Џексон фановите на Никси не се задоволни бидејќи владеачката класа е сѐ уште во раководните функции во тимот.