Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Расел Вестбрук и Пол Џорџ почнаа да работат на хемијата помеѓу двајцата откако сегашните соиграчи од екипата на Оклахома Сити Тандер вчера за првпат тренираа заедно во тренинг-кампот во Лос Анџелес.
Во салата на универзитетот UCLA, Џорџ и Вестбрук вчера имаа кондиционен тренинг заедно со неколку од останатите играчи на Оклахома, Кајл Синглер, Џерами Грент, Семаџ Кристон и Даг Мекдермот.
Пол Џорџ и Расел Вестбрук станаа соиграчи летово, откако Оклахома реши да учествува во размена со тимот на Индијана во која се разделија со Виктор Оладипо и Домантас Сабонис а за возврат го добија Џорџ.
На тренингот учествуваше и целото раководство на тимот од Оклахома, вклучувајќи ги генералниот менаџер Сем Прести и тренерот Били Донован.