Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последните неколку недели многу тимови затропаа на вратата на Кавалирси за да ја дознаат цената која треба да ја платат за да го доведат Кајри Ирвинг во своите редови. А вчера, интерес покажа и нивниот ривал од Источната конференција Торонто Репторс.
Имено, генералниот менаџер на Торонто Репторс, Боби Вебстер ја објасни инволвираноста на тимот во евентуалната размена на Ирвинг.
“Секако дека покажавме интерес. Некои работи понекогаш немаат смисла, но ние сме спремни да го надградуваме тимот доколку ни се укаже таква можност. Во моментов сме во контакт со раководството на Кливленд, но тие сакаат сите работи да ги чуваме зад затворена врата па затоа ќе го испочитувам нивното барање. Сепак, нормално е да сме заинтересирани кога ќе се укаже шанса да се добие играч каков што е Ирвинг.” – изјави Вебстер.
Кајри Ирвинг во последните три недели нема никаков контакт со тимот на Кливленд, ниту со раководството, ниту со соиграчите. Единствено се знае дека тој има листа на тимови во кои би преферирал да биде разменет а Торонто не е на листата.