Се огласи Диего Коста: Не се враќам во Челси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Диего Коста се обрати до јавноста преку соопштение во кое наведува дека нема намера да се врати во Челси.

Шпанскиот репрезентативец од клубот бара што побрзо да се ослободат од него, во спротивно ќе ги повлече сите законски постапки за да замине од Лондон.

„Доколку менаџерот не ме сака, тимот во кој сакам да одам е Атлетико Мадрид. Одбив неколку понуди. Тие сакаат да ме продадат во Кина или други тимови. Доколку си заминам, ќе одам во клубот за кој јас сакам да играм, а не клубот кој ќе плати најмногу. Сакам договорот со Атлетико да се заврши овој месец“-истакна Диего Коста.

Адвокатот на 28 годишниот фудбалер, Рикардо Кардозо минатата недела истакна дека неговиот клиент формално побарал трансфер и размислува за правна акција против клубот доколку му го скрати барањето за трансфер во Атлетико.