Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид продолжува да ги гази своите противници во буквална смисла на зборот. Избраниците на Зидан ја покажаа својата сила и против Депортиво Ла Куруња на синоќешниот натпревар на „Риазор“.
Посебно за истакнување беше акцијата за вториот гол на Реал Мадрид кој го постигна Касемиро. Овој гол ќе остане запаметен по тоа што му претходеа 44 додавања, најмногу во лигата уште од сезоната 2005/2006.
Акцијата тргна од Навас, Марсело направи голема работа кај голот со тоа што ги изврти одбранбените играчи на Депортиво, а од тие 44 додавања најмногу имаа Модриќ и Иско, дури по осум. Од првиот допир со топката на Навас, до голот на Касемиро поминаа 107 секунди, а никој од домаќините не успеа да ја допре топката.