ОФИЦИЈАЛНО: Анадолу Ефес го потпиша Штимац

 

Анадолу Ефес се засили под кошевите со потпишување на српскиот центар Владимир Штимац на едногодишен договор со можност за продолжување на соработката доколку двете страни се задоволни.

 

Владимир Штимац (29) е 210 центиметри висок центар кој минатата сезона играше за Бешикташ и имаше учинок од 14 кошеви и 9.6 скокови по натпревар (најдобар во лигата).

Штимац е еден од најценетите играчи во турската лига и лани му помогна на тимот на Бешикташ да стигне до финалето во турскиот плејоф. Тој потпиша едногодишен договор со Анадолу Ефес а има и опција да го продолжи договорот на уште една година доколку двете страни се согласат на тоа.

 

Во кариерата Штимац смени голем број на тимови а најголем впечаток остави во српската лига, каде беше член на шампионскиот тим на Црвена Ѕвезда. Играше уште за Жалгирис, Баерн Минхен и Уникаха, помеѓу другите тимови.