Вардар без проблем против Гашаран, закажа дуел со Барселона


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Европскиот првак Вардар со триумф го започна неофицијалното светско првенство кое се одржува во Катар.

На популарниот Супер Глоуб во првиот натпревар Вардар славеше лесна победа против иранскиот претставник Гашаран со 30:22.

Вардарци отпорот на Иранците го скршија во 20. минута кога со серија од 5:0 ја најавија високата победа.

Најефикасен во редовите на „црвено црните“ беа Лука Циндриќ и Вуко Борозан со по пет постигнати погодоци.

Вардар утре во полуфиналето на турнирот во Катар ќе се сретне со Барселона.