Ламар Одом сака да се пензионира со Лејкерси

 

Ламар Одом сака да се врати во НБА лигата, барем на кратко, за да може да се пензионира со тимот на Лејкерс, каде и ги доживеа најубавите моменти во кариерата.

 

37-годишниот поранешен крилен играч на Лос Анџелес Лејкерс сѐ уште не е официјално пензиониран, иако помина долго време откога последен пат има играно натпревар.

Во моментот тој работи на тоа да потпише еднодневен договор со тимот од Лос Анџелес за и официјално да се пензионира со тимот со кој освои два шампионски прстени.

 

Инаку, тој одигра 7 полни сезони со тимот на Лејкерс а во последната сезона од неговиот ангажман ја освои и наградата за Најдобар Шести Играч во НБА.