АС го избра тимот на меркатото – Барса, Манчестер Јунајтед и Баерн по два фудбалери, голманот на Рома, напаѓачот на Реал и деструктивецот на Челси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интересно е како мадридскиот АС ги изостави двајцата кои ја предводат листата на најскапите летни засилувања, Хулк и Чака.

Иако не сме стигнати ниту до пола од летниот преоден рок, се случија неколку големи трансфери.

Новинарите на шпанскиот АС одлучија да ги „исчешлаат“ трансферите во овој никогаш посилен во расфрлање пари летен преоден рок и го составија најдобриот и најскапиот состав.

 

Она што е интересно е дека на листата ги исфрлија двајцата лидери, Хулк и Гранит Чака чии трансфери заедно чинеа 100 милиони евра. Хулк својата среќа ја најде во Кина, а Швајцарецот во Арсенал. На листата го нема Игуаин бидејќи тој трансфер не беше потврден кога АС го правеше составот.

Барселона, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен во тој состав на АС имаат по двајца фудбалери, Рома има еден фудбалер, Реал го има нападот, а Челси ја држи клучната позиција на средината на теренот.

 

11-ка на АС: Алисон, Бејли, Хумелс, Умтити, Канте, Гомес, Ренато, Мане, Миктаријан, Бачуаји, Мората