Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Германија и по седум кола од квалификациите за Светското првенство во Русија го задржа максималниот учинок откако во Прага ја победи Чешка со 2:1.
Тимо Вернер го отвори резултатот уште во 4. минута, но во 78. минута Дарида со одличен удар од 20 метри го изедначи резултатот. Сепак, Матс Хумелс погоди со глава само десет минути подоцна и донесе победа за Германија.
Чешка со овој пораз си ги сведе на минимум шансите за пласман во Русија затоа што е дури седум поени зад второпласираната Северна Ирска која денес без проблем славеше со Сан Марино со резултат 3:0. Во последниот натпревар од оваа група Норвешка со 2:0 го победи тимот на Азербејџан.
Големо изненадување приреди репрезентацијата на Данска која со 4:0 буквално ја „здроби“ Полска. За Данците головите ги постигнаа Делејни, Корнелиус, Јоргенсен и најдобриот на овој натпревар, Кристијан Ериксен.
Романија ја совлада Ерменија со 1:0 со голот на Максим во последните моменти од натпреварот. Целиот натпревар за Ерменците го одиграа играчите на Вардар, Тигран Барсегјан и Ховханес Хамбардзумјан. Црна Гора без проблем со 3:0 славеше на гостувањето во Казакстан.
Англија дури во 53. минута го скрши отпорот на полуаматарската репрезентација на Малта. Погодокот го постигна Хари Кејн на асистенција на клупскиот колега од Тотенхем, Деле Али. Во последните минути од средбата Англија избегна бламажа и набрзина постигна уште три голови преку Бертранд, Велбек и повторно Кејн.
Словачка ја оствари можеби клучната победа над Словенија на домашен терен. Словаците единствениот гол на натпреварот го постигнаа во 81. минута преку Немец.