Фантастично видео од Супер купот во Скопје

Од Фудбалската федерација на Македонија објавија одлично триминутно видео од Супер купот кој на 8. август се одигра во Скопје.

Без сомнение, Супер купот кој помина во најдобар можен ред е настан кој Македонија ќе го памети со години.

На „Филип Втори“ се сретнаа гигантите во светскиот фудбал Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, а поуспешен беше „Кралскиот клуб“.