“За мене е чест да бидам напаѓач на ПСЖ“

Во наредната сезона Единсон Кавани ќе добие повеќе простор за игра како главен напаѓач на ПСЖ.

Уругвајскиот напаѓач во минатото поради Ибрахимовиќ воглавно играше на крилните позиции, а сега кога е во тимот Унаи Емери ќе има значително поголема улога истакна дека не чувствува притисок и дека тоа му е дополнителен мотив.

„Секој играч има свој начин на игра и на чувствувам притисок. Тоа е личен предизвик за мене, да дадам најмногу од себе, да освојувам титули, да постигнувам голови и да ги оправдам очекувањата. За мене е чест да бидам напаѓач на ПСЖ“, изјави Кавани.

Кавани од доаѓањето во ПСЖ од Наполи постигна 81 гол на 148 натпревари.