„Ова е најубавиот стадион на кој што сум играл“

Антонио Гризман со погодок против Малага за победа на Атлетико го отвори новиот стадион.

Атлетико заигра на Ванда Метрополитано стадионот кој беше спектакуларно отворен а Атлетико Мадрид славеше со 1:0 над Малага со гол на Гризман.

„Многу сум среќен што постигнав гол за победа. Се надевам дека ќе ги има уште многу на овој стадион“ – вели Гризман.

„Во четвртокот трениравме овде, но ни недостасува нашиот 12 играч, а тоа се навивачите. Ова е најубавиот стадион на кој што сум играл досега“