Ливерпул со нов неуспех, Лестер поуспешен од избраниците на Клоп

Екипата на Ливерпул доживеа уште еден неуспех откако вечерва беа елиминирани од  Лестер во рамките од четвртото коло на англискиот Лига куп.

„Лисиците“ славеа на домашен терен против Ливерпул со 2:0, а двата гола паднаа во второто полувреме. Најпрво Шинџи Оказаки донесе предност за домашниот тим во 65. минута од натпреварот, а потоа Ислам Слимани стави точка во 78. минута.

Кристал Палас конечно ја забележа својата прва победа откако на „Селхрст Парк“ славеше минимална победа од 1:0 против Хадерсфилд. Стрелец на единствениот погодок беше Бакари Сако.

Стоук доживеа елиминација од Бристол, додека Вест Хем немаше проблеми против тимот на Болтон кој го победи со 3:0.

Резултати англиски Карабао куп:

Астон Вила- Миделсбро 0:2

Брентфорд- Норвич 0:3

Бристол Сити- Стоук 2:0

Кристал Палас- Хадерсфилд 1:0

Лестер- Ливерпул 2:0

Вест Хем- Болтон 3:0

Рединг- Свонси 0:2

Тотенхем- Барнсли 1:0