Интер и уште неколку клубови одбиле да го потпишат Озил

Како што јавува „Калчомеркато“ Интер ја одбил можноста да го ангажира фудбалерот на Арсенал, Месут Озил.

Германскиот интернационалец бил понуден на неколку клубови од Серија А и сите клубови ја одбиле понудата најмногу заради големите примања на Озил.

Актуелниот договор на Германецот со Арсенал истекува следното лето и на големо се шпекулира дека тој ќе го напушти клубот наредната сезона.