Кавани се сели во Мадрид

Реал Мадрид би можел да биде следната дестинација за уругвајскиот напаѓач, Единсон Кавани.

Како што пишува „Дон Балон“ 30 годишниот фудбалер со сигурност ќе биде продаден од ПСЖ, а главен фаворит за неговиот потпис е Реал Мадрид.

„Кралевите“ имаат проблеми оваа сезона со реализацијата, а напаѓачот број еден во тимот, Карим Бензема се почесто е подложен на повреди.

Поради тоа, од таборот на Реал Мадрид ќе го донесат Кавани кој минатата сезона во дресот на ПСЖ на 50 натпревари постигна дури 49 погодоци.