Поранешен играч на Милан стана претседател


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во Либерија вчера се одржаа претседателски избори, а во следните неколку денови и официјално ќе биде познато кој ќе биде новиот претседател на оваа држава.

Избирачките места се затворија вчера во 19 часот, а првичните резултати покажуваат дека поранешниот фудбалер на Милан, Џорџ Веа ќе биде нов претседател на државата.

Сепак, за официјално стапување на функција поранешниот фудбалер на Росонерите и на Манчестер Сити ќе треба да почека до 25 октомври.

Веа покрај фудбалската кариера во Либерија изгради и политичка кариера, а изборот за претседател е врвот  кој го достигнал во политиката.