На денешен ден пред 24 години го одигравме првиот меѓународен натпревар (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација, на денешен ден пред точно 24 години во Крањ, Словенија го одигра својот прв меѓународен натпревар.

Нашата репрезентација предводена од Андон Дончевски славеше убедлива победа од 4:1, а стрелец на историскиот прв погодок за нас беше Зоран Бошковски- Чоко во 5. минута од натпреварот. Останатите голови ги постигнаа Дарко Панчев, Чеде Јаневски и Драган Канатларовски.

„Тоа е златна генерација. Децата од мојата генерација беа кадарни да се фатат во костец со најдобрите Европа и затоа без двоумење прифатив да бидам селектор затоа што имав верба во нив“- коментираше легендарниот македонски тренер, Андон Бошковски.

Македонија во Крањ настапи со следниот состав: Мицевски, Грозданов, Јовановски, Канатларовски, Најдовски, Јаневски, Бошковски, Марковски, Панчев, Бабунски, Мицевски.