До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Македонскиот интернационалец, Никола Јакимовски минатата сезона со својот тим Бенвенто избори пласман во Серија А. Сепак и покрај тоа што на почетокот на сезоната беше стандарден, во вториот дел го изгуби првотимскиот статус и се почесто беше на трибините.
И покрај тоа се очекуваше дека ќе добие шанса за дебитантски настап во најсилната лига во Италија, но тоа не се случи. Наместо деби во Серија А, Јакимовски доби исписница од Бенвенто и како слободен играч треба да го засили тимот на Карпи.
Карпи се натпреварува во Серија Б и во моментов е на 11 позиција на табелата.















