Барселона со играч помалку го растури Олимпијакос, Јуве тешко со Спортинг


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Барселона славеше победа на „Камп Ноу“ со високи 3:1 против Олимпијакос и покрај фактот што имаше играч помалку од 42. минута од натпреварот.

Каталонците во водство дојдоа во 18. минута со автоголот на Николау. Во 42. минута Жерард Пике заработи втор жолт картон и мораше да ја напушти играта. Сепак тоа не влијаеше многу на играта на Барселона која во продолжение со двата гола на Меси во 61. и Диње во 64. минута ја обезбеди победата и лидерската позиција во групата.

Играчот кој си постигна автогол во почетните минути од натпреварот го постигна и последниот гол на вечерашната средба. Овој пат Николау ја погоди вистинската страна и во 90. минута само го намали резултатот на 3:1

Во групата Д победа славеше и Јувентус кој потешко од очекуваното славеше против Спортинг Лисабон со 2:1. Гостите од Лисабон дојдоа први во водство во 12. минута со автоголот на Алекс Сандро. Миралем Пјаниќ го изедначи резултатот во 29. минута, а во 84. минута „Старата Дама“ од бламажа ја спаси Марио Манџукиќ кој погоди за победа од 2:1.

По третото коло Барселона е на врвот со девет бода, втор е Јувентус со шест, на третата позиција е Спортинг со три, додека последнопласиран е Олимпијакос без бодови.