Играчот на Бенфика на радарот на Манчестер Јунајтед

Како што пишуваат медиумите во Португалија, Манчестер Јунајтед се надева дека ќе го обезбеди потписот на играчот на Бенфика, Алекс Грималдо.

Левата бековска позиција е проблем за Манчестер Јунајтед. Сите играчи кои ги има Мурињо на оваа позиција, Блинд, Рохо, Дармиан и Шо до сега не го убедија португалскиот стратег во нивните квалитети.

„Рекорд“ пишува дека Манчестер Јунајтед за Грималдо ќе понуди сума од околу 36 милиони фунти.