Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на тетовска Шкендија продолжуваат со одличните игри во Лига Европа.
После победата во минатото коло над Нефчи Баку, во ова коло од кваликациите за Лига Европа, Шкендија славеше против Млада Болеслав Чешка.
Во првите 45 минути немаше гол во овој дуел, а во 52 минута Млада Болеслав остана со играч помалку бидејќи директен црвен доби Хулка.
Бројчаната предност Шкендија ја искористи во 69 минута преку Жуниор, а конечните 2:0 ги постави Ферхан Хасани во 75 минута.
Реваншот се игра во Чешка за 7 дена.
Ако нашиот претставник ја помине Млада Болеслав ќе се пласира во плеј-офот за пласман во групната фаза од Лига Европа.