Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Наполи рутински го победија Сасуоло на „Сан Паоло“ со 3:1 и ја задржаа лидерската позиција во Серија А.
Уште во 22. минута домаќините стигнаа во водство преку Алан кој ја искористи грешката на Сенси и го совлада Консиљи. Гостите го изедначија резултатот во 41. минута преку Фалчинели.
Само три минути подоцна предноста на наполитанците ја врати Калјехон и тоа директно од корнер. Конечниот резултат го постави Дрис Мертенс по асистенцијата на Раул Албиол.
Вредна победа во борбата за опстанок обезбеди СПАЛ кој со 1:0 славеше против Џенова. Ова е прва победа на домашниот тим по осум натпревари и сега со осум бодови се наоѓа на 17. место.
Нашиот репрезентативец Горан Пандев ги одигра последните 30 минути за Џенова, но не успеа да му помогне на својот тим да избегне пораз.
Резултати:
Бенвенто- Лацио 1:5
Кротоне- Фиорентина 2:1
Наполи- Сасуоло 3:1
Сампдорија- Киево 4:1
СПАЛ- Џенова 1:0
Удинезе- Аталанта 2:1