Очекувано: Адвокат повеќе нема да е селектор на Холандија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По Европското првенство во Франција репрезентацијата на Холандија ќе го пропушти и Светското првенство во Русија, а таквиот резултат со себе повлекува очекувана одлука.

Искусниот стратег Дик Адвокат и по трет пат во кариерата ќе ја напушти клупата на „лалињата“ и тоа по само шест месеци поминати како предводник на оваа репрезентација.

Самиот Адвокат потврди дека нема да го продолжи договорот со фудбалскиот сојуз на Холандија по неговото истекување на крајот на месецот веднаш по пријателските натпревари со Шкотска и Романија.

„Пред мене се последните два натпревари, ја напуштам репрезентацијата. Уште на никој не сум му кажал дека заминувам, така што не сум преговарал со други клубови“- коментираше Адвокат.