Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Финишот на натпреварот помеѓу Норвич и Престон ја донесе една од најнесекојдневните ситуации во историјата на фудбалот.
Имено, пред самиот крај на натпреварот еден од помошните судии се пожали на повреда при што мораше да биде заменет од четвртиот судија кој служи и како заменски судија во ситуации слична на вечерашната.
Сепак, имаше проблем затоа што немаше кој да го замени четвртиот судија, па поради тоа главниот арбитер сакаше да го прекине натпреварот. Сепак, тогаш на помош стигна еден навивач на Норвич кој се понуди да помогне и без проблем натпреварот да се приведе кон својот финиш.
Така навивачот ги одработи последните 10 минути од судиското продолжување како четврт судија покажувајќи една измена, како и времето кое беше надополнето.
? Thanks for stepping in, @spud1902! ? #ncfc pic.twitter.com/vWe3ir0RjX
— Norwich City FC (@NorwichCityFC) November 25, 2017