Грујиќ го напушта Ливерпул но останува во Премиер Лигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на Марко Грујиќ, Зоран Стојадиновиќ во интервју за српските медиуми истакна дека неговиот клиент мора да го напушти Ливерпул доколку сака да избори место во репрезентацијата на Србија за претстојниот Мундијал во Русија.

Во Ливерпул исклучително го ценат талентот на Грујиќ и не сакаат да се откажат лесно од него иако Србинот не добива многу прилики за докажување, пред се поради лошиот старт на сезоната на црвените.

Сепак, медиумите на Островот пишуваат дека Клоп пронашол идеално решение за играчот од средниот ред со офанзивни карактеристики. Имено, Грујиќ од јануари до крајот на сезоната ќе биде отстапен на Хадерсфилд, тим кој е предводен од Дејвид Вагнер, голем пријател на Клоп.