Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Италијанскиот клуб овој викенд на натпреварот со Аталанта ќе истрча со специјално дизајнирани дресови кои ќе бидат во спомен на настраданите фудбалери на фудбалскиот клуб Шапекоенсе.
Бразилскиот тим остана без речиси сите фудбалери и луѓе од стручниот штаб минатата година кога авионот со кој патуваа во Колумбија се урна во Меделин.
Слична судбина се има случено и на Торино кој во 1949 година по падот на авионот ја изгуби шампионската генерација. Авионот со 31 член на екипажот меѓу кои 18 фудбалери поради густата магла се урна во брдо близу Торино и за жал немаше ниту еден преживеан.
„Торо и Шапе, обединети од судбината, пријатели засекогаш“ –стои на официјалното соопштение на Торино во кое објавија дека на натпреварот со Аталанта ќе играат со зелени дресови.
Per sempre amici. @KappaItalia @chapecoensereal @torinofc1906 #KappaSport #SFT #VamosChape #ForçaChape pic.twitter.com/TgeL34YmSA
— Torino Football Club (@TorinoFC_1906) November 29, 2017
Дресовите кои ќе се носат на тој натпревар исто така ќе бидат пуштени и во продажба и сите средства собрани од продажбата ќе бидат донирани за семејствата на загинатите во несреќата во Меделин.