Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Кариерата на дефанзивецот на аргентинскиот тим Ланус, Хозе Луис Гомез би можела да биде готова во неговата 24 година од животот. Интересно е што не се работи за хронична повреда туку за разочараност по една грешка во најважниот натпревар во историјата на клубот.
Аргентинскиот тим во средата беше поразен од бразилскиот Гремио (1:2) во финалето од Копа Либертадорес и Бразилците со вкупни 3:1 дојдоа до најсјајниот трофеј во Јужна Америка.
Хозе Луис Гомез беше главниот виновник за водечкиот гол на Гремио и поради тоа тој е подготвен да стави крај на својата кариера.
„Повреден сум, чувствувам вина и сметам дека се е готово. Сериозно размислувам да ја завршам кариерата. Ќе размислам за тоа. Знам дека сум се уште млад, но вакви работи не смеат да се случат. Не играв добро, се извинувам на сите“- коментираше во солзи младиот десен бек на Ланус.
Неговата грешка погледнете ја во продолжение: