Пјаниќ во конфликт со Алегри

Играчот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ неодамна имаше судир со тренерот Макс Алегри. Пјаниќ не беше задоволен откако беше заменет во дуелот со Интер и бурно реагираше при седнувањето на клупата.

Алегри наводно по тоа бил неверојатно бесен, а италијанските медиуми тврдат дека играчот од средниот ред наскоро ќе го напушти клубот.

Пјаниќ на маса има две големи понуди и тоа од Манчестер Сити и од Барселона. Јувентус за услугите на босанскиот репрезентативец би можел да инкасира дури 60 милиони евра сума која „Граѓаните“ се подготвени да ја платат.