Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Германскиот фудбалер Сандро Вагнер од денес и официјално е нов фудбалер на Баерн Минхен.
Баерн долго време беше во потрага по играч кој ќе биде достојна резерва за првата виолина во нападот, Роберт Левандовски, а изборот на крај падна на 30 годишниот Вагнер кој досега беше дел од Хофенхајм.
Вагнер со Баерн Минхен потпиша двегодишен договор и го одбра дресот со број 2, несвојствено за напаѓач. Оваа сезона искусниот напаѓач во дресот на Хофенхајм на 11 натпревари во Бундеслигата постигна вкупно четири голови.