Мурињо објасни зошто сите играчи го славеа голот на Лукаку


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед потешко од очекувањата славеа на вчерашниот натпревар против Дерби Каунти со 2:0.

Избраниците на Мурињо во самиот финиш успеаја да го скршат отпорот на Дерби и да дојдат до победа која им обезбеди пласман во следната фаза од ФА Купот. Головите за „ѓаволите“ ги постигнаа Џеси Лингард и Ромелу Лукаку.

По голот на Белгиецот сите играчи стигнаа да му честитаат, а Мурињо има теорија зошто го направиле тоа.

„Ја сакате вистината? Да не победевме и да не мораше да играме реванш средба тогаш никој од нас не би одел во Дубаи следната недела. Сите сакаат да одат и поради тоа беа толку среќни кога Лукаку постигна гол“ –коментираше Мурињо.

Имено, фудбалерите на Манчестер Јунајтед ќе се подготвуваат за следниот натпревар во Премиер лигата во Дубаи.  Избраниците на Мурињо ќе играат против Стоук на 15 јануари и до тогаш имаат пауза која ќе ја искористат во топли временски услови.