Ѓоковиќ се намачи, но оди во полуфинале


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ со победата над Томас Бердих од 2:0 во сетови се избори за финале на АТП турнирот во Торонто.

Ѓоковиќ го совлада Чехот со 2:0 после 2 часа игра.

Српскиот тенисер во првиот сет имаше водство од 5:2, а Бердих се врати и успеа да стигне до тај брејк кој беше интересен. Бердих имаше три сет топки, но Ѓоковиќ успеа да ја стигне неговата предност од 6:3 и да победи со 8:6.

Во вториот сет клучен беше третиот гем во кој Ѓоковиќ направи брејк. Предноста до крајот не ја испушти и победи со 6:4 за конечни 2:0.

Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Гаел Монфилс.