До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер Јунајтед посакува да го донесе Месут Озил во своите редови во јануари, но „црвените ѓаволи“ ќе имаат конкуренција од италијанскиот гигант, Јувентус.
Јувентус во многу наврати се прослави со евтините или бесплатни трансфери на квалитетни играчи, а сега наводно нашле уште едно идеално решение на „Емирати“. Свесни дека на Озил му останаа само шест месеци од договорот со Арсенал, челниците на Јувентус ги контактирале неговите претставници за евентуален бесплатен трансфер на Германецот во Торино следното лето.
„Кориере дело спорт“ пишува дека Јувентус ќе се обиде да ја расипе работата на Манчестер Јунајтед кој подготвува понуда од 35 милиони фунти за услугите на Месут Озил.















