До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Португалецот Андре Силва минатата година пристигна во Милан како големо засилување од редовите на Порто за сума од 40 милиони евра.
Младиот напаѓач не ја оправда довербата и во последно време се почесто од клупата ги гледа натпреварите на неговиот тим. Тој во 12 натпревари во дресот на Милан нема ниту еден постигнат погодок, па Гатузо со право го чува на клупата.
Интерес за португалскиот напаѓач, на кого очигледно не му одговара италијанскиот фудбал има од неколку клубови ширум Европа. Се шпекулира дека следна дестинација за Андре Силва ќе биде Англија. Имено, Евертон сака да го донесе Силва на позајмица до крајот на сезоната, а по завршувањето на истата да има можност за откуп на договорот.
„Карамелите“ во своите редови пред неколку денови го донесоа Тосун, а во тимот веќе ги имаат Ниасе, Сандро и Руни, па останува прашањето дали е паметно да го донесат Португалецот во своите редови.















