До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Новиот напаѓач на Вулверхемптон, Рафа Мир долго време се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид.
На крајот младиот напаѓач заврши во редовите на Вулверхемптон само затоа што Валенсија одбивала да го продаде на нивниот ривал од Шпанија, Реал Мадрид.
За шпанското Радио „Кадена СЕР“ Рафа Мир изјави: „Валенсија одби три или четири понуди од Реал Мадрид за мене. Како и да е, тие ја прифатија првата која стигна од Вулверхемптон во декември. Луѓето во Валенсија не сакаа да одам во Реал Мадрид и успеаја во тоа.“
Талентираниот напаѓач со актуелниот лидер во Чемпионшип потпиша четири и пол годишен договор.















