14 годишниот Де Брајн именува клуб од Премиер лигата за кого би сакал да игра, а не е Сити

Овие денови низ интернетот кружи интересна видео снимка од интервју на Кевин Де Бррајн, тогаш 14 годишник кој настапувал во клубот Гент.

Де Брајн шест години беше дел од Гент, а пред напуштањето на клубот даде интервју во кое објаснува кој е негов омилен тим и кој е играчот на кој му се восхитува.

„Мој омилен тим е Ливерпул. Мојот омилен фудбалер е Мајкл Овен и би сакал да играм таму“- кратко одговори младиот Де Брајн.

Во тоа време Манчестер Сити и не беше на фудбалската мапа на светот, но во меѓувреме богатите арапски сопственици го вивнаа клубот во врвот на светскиот фудбал и Сити денес е клуб кој може да си го дозволи речиси секој играч.