Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалер од Аргентина следните денови ќе биде на проба во актуелниот шампион на Македонија, Вардар.
Лукас Нахуел Охеда веќе се наоѓа на тренинзите на Вардар кои се одработуваат во нивниот тренинг камп во Хиподром, а ќе отпатува со тимот и во Анталија каде ќе одигра и неколку пријателски натпревари во „црвено црниот“ дрес по што Чеде Јаневски и стручниот штаб ќе одлучат дали младиот фудбалер заслужува шанса.
Охеда е играч роден во 1994 година во Буенос Аирес, а во досегашната кариера има настапувано за Ривер Плата, а последен клуб во кој настапувал е Депортиво Еспањол од Буенос Аирес.