Интер – два трансфери во еден ден!

Екипата на Интер денеска заврши два трансфери со екипата на Џенова.

Како што може да се види на официјалниот сајт на Интер, денеска се реализирани два трансфери и тоа двата со екипата на Џенова.

Прво, стигна засилување во Интер, се работи за Кристијан Ансалди, привремениот репрезентативец на Аргентина.

Овој бек порано играше за Њуелс, Рубин, Зенит и Атлетико Мадрид пред што се одлучи да го облече дресот на екипата на Интер.

Покрај него, реализиран е уште еден трансфер. Во прашање е овој пат заминување, Диего Лаксалт Суарез, Уруваецот кој досега беше член на Интер и кој и во претходната сезона беше на позајмица во Џенова, сега потпиша договор со тој тим за секогаш.

Овој играч за врска досега одигра 16 мечеви за репрезентацијата на Уругвај.