Дортмунд се подготви за заминувањето на Обамејанг?

Борусија Дортмунд во овој преоден рок би можела да остане без својот најдобар играч затоа што многумина веруваат дека Обамејанг ќе ја продолжи кариерата во Арсенал.

Турбуленциите помеѓу Обамејанг и Дортмунд траат веќе некое време, а фудбалерот од Габон не беше во конкуренција за претходните два натпревари затоа што е суспендиран поради недисциплина. Многумина веруваат дека тој ќе замине во Арсенал.

Според медиумите, Дортмунд се подготвил за неговото заминување и веќе се обезбедил со замени за него. На мета на овој фудбалер се наоѓа Запата од Сампдорија.

Запата оваа сезона одигра 15 натпревари за Сампдорија и постигна шест голови.