Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Од таборот на РК Охрид денес потврдија дека ги засилиле своите редови со нови четворица ракометари.
Се работи за Кирил Колев и Костантин Вешоски кои се враќаат меѓу „гладијаторите“ како и за Пеце Георгиевски и Јане Јанчев.
Колев беше миленик на охридската публика пред да направи трансфер во Пелистер, а Вешоски пред две сезони си замина во француски третолигаш, за потоа да се врати во македонскиот ракомет во редовите на РК Прилеп од каде и се врати во Охрид.
Претседателот на клубот вели дека Охрид повторно ќе атакува на излез на европска сцена и оваа година.
„Со освежувањата во тимот и реекипирање на Управата очекуваме да го повтотиме успехот од минатата сезона. Најавувам повтрно атакување и излез на клубот на европска сцена“, вели претседателот на РК Охрид Љупчо Танески.
Од РК Охрид си заминаа интернационалците Томислав Кљаиќ, Лазар Адамовиќ и Дервиш Бирдахиќ како и голманот Александар Стојаноски.