„Уживам во дресот на Арсенал“

Играчот за врска на Арсенал Гранит Џака рече дека не беше тешко да  донесе одлука за продолжување на кариерата.

Џака на почетокот на преодниот рок потпиша за Арсенал и швајцарскиот репрезентативец не се двоумеше многу после повикот од Лондон.

„Лично никогаш не сум разговарал со Клоп или со некој од Ливерпул. Разговарав со Венгер, Арсенал игра атрактивен фудбал и јас уживам во тоа. Убаво е чувстовото да се игра за вака голем клуб“, рече Џака, и додаде:

“Уживав во првиот натпревар во дресот на Арсенал и покажавме дека имаме квалитет“.