Алегри: Игуаин најверојатно нема да игра!

Тренерот на Јувентус, Максимилијано Алегри во разговори за медиумите зборуваше за здравствената состојба на своите играчи.

„Игуаин минатата недела доби удар, па од тогаш нема тренирано и работи посебно. Најверојатно нема да игра денес“

„Матуиди и Манџукиќ се подготвени за утре, а Де Шиљо има проблеми со повреда и нема да настапи, не сум сигурен и дали Дибала ќе игра денес, па ќе треба да ја разгледаме неговата состојба“

„Сигурни се само Матуиди и Пјаниќ, па морам да одлучам помеѓу Стураро, Маркизио или Бентакур, а Буфон и Лихштајнер ќе бидат во првиот состав, како и Ругани или Бенатија“, вели тој.