Милан го чекаше само него: Гатузо веднаш почна да руши рекорди!

Милан во последно време започна да игра баш така како што се очекува од него.

Навивачите на клубот конечно може да бидат задоволни зашто Милан нема изгубено натпревар оваа година, а шлаг на тортата беше пласманот во финалето на Купот на Италија.

Милан не е поразен во 13 натпревари по ред, а за тоа време стигна до десет победи и три реми. Освен тоа, Милан има шест победи по ред во сите натпреварувања, па успеаа и да се искачат на седмата позиција во Серија А со 44 освоени бодови, односно седум помалку од место кое носи во ЛШ наредната сезона.