„Од Јувентус можам да заминам поради една работа“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри во неделата го освои трофејот во Серија А со својата екипа.

Јувентус одигра 0-0 против Рома, па и математички ја обезбеди титулата. Минатите денови се појавија шпекулации дека тренерот на клубот би можел да замине, но тој ги негираше тие шпекулации.

„Ќе останам во Јувентус, освен ако не ме отпуштат. Тоа не е проблем кој треба да се реши во иднината, тоа е планирање на истата, зашто кога завршуваме со прослава, треба да размислуваме за наредната сезона“, вели Алегри.